Што да се види во Скопје
Скопје е град што најдобро се доживува пеш: сè што вреди да се види е на петнаесет минути одење од плоштадот. Овој водич е напишан од екипата на Bad Donkey — локалци што секоја вечер го гледаат градот како се полни со гости од цел свет.
Старата чаршија
Една од најголемите и најстарите чаршии на Балканот. Калдрма, анови, безистени и занаетчиски дуќани измешани со кафулиња и галерии. Тука се и Даут-пашиниот амам и црквата Свети Спас со прочуениот резбан иконостас.
Плоштад Македонија и Камениот мост
Срцето на градот. Од плоштадот, преку Камениот мост од 15 век, се преминува до чаршијата. Улицата Македонија — пешачката артерија на градот — тргнува токму од плоштадот кон југ, покрај Старата железничка станица со замрзнатиот часовник од земјотресот во 1963 година.
Тврдината Кале
Десет минути угорнина од чаршијата, со најдобар поглед на градот — особено на зајдисонце.
Кањонот Матка
Половина час со кола од центарот: езеро, кајаци, пештери и планинарски патеки. Најлесен полудневен излет од Скопје.
Водно и Милениумскиот крст
Со жичницата до врвот на Водно за панорама на целата котлина.
Каде навечер?
Скопје живее навечер — а ако барате жива музика, ладно craft пиво и вистинска паб храна, дојдете кај нас: Bad Donkey има бенд на сцена секоја вечер од 21:00, на улица Македонија 21. Влезот е бесплатен.