BadDonkey

Нашата приказна

Bad Donkey се отвори во 2025 година со едноставна идеја: на Скопје му треба место каде што добрата храна, craft пивото и живата музика се под ист покрив — секоја вечер, не само за викенд.

Локалот е на улица Македонија, главната пешачка улица во градот, на два чекора од плоштадот и Старата железничка станица. Внатре — магаре од челик со црвени очила, ѕид со ракија, точилки со Guinness и домашен Златен Даб, и сцена на која секоја вечер од 21:00 настапуваат домашни бендови.

Името? Магарето е тврдоглаво, гласно и не се извинува за тоа. Be bad. Be donkey.